За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo

Ѓолот е првата станица во Македонија на птиците преселници

Локалитетот Ѓол во гевгелиското поле е прибежиште за водните птици и птиците преселници, кои овде живеат, гнездат или престојуваат за време на нивната миграција. Ѓол е збор со турско потекло кој означува влажна ливада, па и овој локалитет, на ниска надморска височина од околу 45 метри, во зимските и пролетните периоди се наоѓа под големо количество вода. Ова создало одлични услови за мочуришна и блатна вегетација и живот на голем број водоземци, влечуги и водни инсекти.

Според истражувањата на Велевски и соработниците, локалитетот Ѓол влегува во подрачјето на Долен тек на река Вардар, што опфаќа делови на општините Гевгелија, Богданци и Валандово. Најблиското село е Богородица, кое е рамничарско и допира со државната граница со Грција.

Ова подрачје е значајно и бидејќи речиси 10 проценти од целата популација на бели штркови во Македонија се размножува тука. Сите локалитети кои се често посетувани од птици и се важни за нивниот живот се нарекуваат Значајни подрачја за птици или IBA (Important Bird Areas). Овие подрачја се со меѓународно значење за многу видови птици особено за птиците преселници.

Сепак, локалитетот Ѓол се` уште нема законска заштита, ниту постојат такви планови. Во меѓувреме, локалното население го користи ѓолот преку летото за напасување на стоката, но под строг календарски распоред.

Сподели
samo-prasaj_gif-3