За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo

Човекот ја турка Земјата сè поблиску до климатско уништување

Во нова студија се истражуваат потенцијалните климатски реакции што би можеле на Земјата да предизвикаат грин хаус ефект

Џон Ејбрахам (John Abraham)

 

covekot ja turka zemjata se poblisku do klimatsko unistuvanje 1Езера формирани од стопен лед на Арктичката морска ледена површина на Централниот Арктик. Фотографија: Стефан Хендрикс / Алфред-Вегенер-/PA

Изготвен е нов извештај, тукушто објавен во рамките на Извештаите на Националната академија на науките на САД кој предизвика многу внимание од медиумите. Вниманието е оправдано, затоа што во извештајот се претставува многу црна слика за климата и за последиците од човековите постапки врз неа. Поконкретно, авторите на оваа студија се обиделе да ја утврдат траекторијата на која се наоѓа Земјата, за успешно да предвидат каква ќе биде климата во иднината.

Во извештајот има многу важни гледишта и информации. Авторите сакале да дознаат како реакциите на климата на Земјата ќе се одразат на климата во иднината. Кога велиме реакции, мислиме на промена во некој дел од климата што последователно предизвикува друга промена, што пак може да предизвика трета, итн., со можност да се создадат и верижни реакции.

Реакциите се многу важни затоа што тие претставуваат промени што природниот систем ги прави без директно влијание од луѓето.

На пример, мразот што се топи е еден вид на реакција, особено видлив на Арктикот. Луѓето испуштаат стакленички гасови што предизвикуваат затоплување на планетата. Како што се затоплува Земјата, мразот се топи; како што се топи мразот, се намалува белата рефлективна покривка на површината на Земјата. Всушност, голем дел од топењето на мразот се случува токму  на Арктикот. Наместо да има бела површина која ја рефлектира сончевата светлина, има отворена океанска вода што ја впива сончевата светлина. Како последица на тоа, топењето на мразот води кон уште повеќе апсорбирана сончева светлина што, пак, понатаму води кон уште поголемо топење на мразот – циклус кој се засилува, како што е покажано подолу.

covekot ja turka zemjata se poblisku do klimatsko unistuvanje 2Дијаграм од циклусот на позитивни реакции од мразот што се топи. Илустрација: Џон Ејбрахам

Активирањето на еден од овие циклуси претставува лоша вест поради неколку причини. Прво, со ова ние губиме значителен дел од контролата врз климата на Земјата. Во моментов, луѓето ја контролираат климата преку нашите испуштања на стакленички гасови. Но откако ќе се активираат овие циклуси, климата на Земјата ќе почне делумно да се контролира самата. Тоа значи дека ќе биде потешко да се запре процесот на затоплување.

covekot ja turka zemjata se poblisku do klimatsko unistuvanje 3

Втората причина зошто овие вести се лоши вести е дека голем дел од циклусите се меѓусебно поврзани. На пример, реакцискиот циклус што е прикажан погоре може да биде доволно силен за да предизвика друг циклус (на пример, топење на постојано замрзаниот слој на почва и со тоа ослободување на метанот што е таму заробен). Затоа овие реакции не може да се гледаат посебно. Мора да размислите какви последици може да имаат истите како група.

Сликата подолу е преземена од извештајот. На неа се прикажани 15 посебни циклуси на реакции. Тие се обоени според температурите на кои може да се предизвика започнување на циклусот. На пример, авторите сметаат дека ледената покривна на Гренланд ќе се активира кога температурите ќе пораснат за 1–3°C. Додека ледената покривка на Источниот дел од Антарктикот, покажана најдолу, ќе се активира кога температурите ќе се покачат за 5°C или повеќе.

Различните реакции исто така се спорени со стрелки за да се покаже како се поврзани меѓу себе. На пример, има стрелка со која се поврзува ледената покривка на Гренланд со нивото на морски мраз на Арктикот во летниот период. Тоа значи дека едната реакција влијае на другата и обратно.

covekot ja turka zemjata se poblisku do klimatsko unistuvanje 4Мапа на верижни реакции кое е можно да се активираат. Илустрација: Стефен и др. 2018, Извештаи на Националната академија на науки

Оваа слика е многу важна за да разбереме зошто научниците се толку загрижени. Земете го за пример нивото на морски мраз на Арктикот во летниот период. Знаеме дека тој количински е намален за отприлика 70%, а во површина намалувањето е приближно 50%. Губењето на морскиот мраз на Арктикот ќе влијае врз ледената покривка на Гренланд. Тоа, пак, за возврат ќе влијае врз ледената покривка на западната страна на Антарктикот.

И не запира тука, двете горенаведени реакции влијаат врз термохалинската циркулација што би се активирала кога температурите би пораснале. На крај, сите овие реакции (Гренланд, Западен Антарктик и термохалинската циркулација) влијаат врз ледената покривка на Источен Антарктик. Топењето на таа покривка би имало кобни последици за целата планета. Гледаме како една промена што започна со мразот на Арктикот се прошири, со овие меѓусебни врски, на Јужниот Пол.

Треба да имаме на ум две работи. Прво, не знаеме со сигурност кога овие различни реакции ќе се „активираат“. Научниците информирано погодуваат, но во суштина не сме сигурни. Исто така, не знаеме колку долго ќе им треба за да ја премине преку пресвртната точка. Како пример, да речеме дека сме ја минале пресвртната точка за колапс на амазонската дождовна шума. Тоа не значи дека таа веднаш ќе изумре, туку значи дека изумирањето на дождовната шума е многу веројатно или сигурно. Но колку време ќе биде потребно за тоа? Неколку години? Неколку децении? Можеме да правиме проценки, но тие сепак остануваат токму тоа – проценки. Знаеме дека за некои реакции ќе биде потребно долго време пред да се завршат, дури и откако ќе ја минеме точката од која нема враќање. На пример, за да се стопи ледената покривка на источниот дел на Антарктикот ќе бидат потребни векови.

Но овие предупредувања едноставно значат дека луѓето треба повеќе да се сконцентрираат на преземање чекори веднаш, за да се избегне активирање на пресвртните точки. Не знаеме каде се наоѓаат овие точки, па затоа треба да бидеме сигурни и да се држиме далеку настрана од овие можни сценарија. Проблемот е тоа што луѓето, колективно гледано, не преземаат доволно мерки. Конкретно, мојата земја е најлоша во светот кога станува збор за предизвикување планетава да ги пречекори овие пресвртни точки. Уште има време да ги избегнеме најлошите последици од климатските промени. Но предоцна е да се избегнат климатските промени во целост – тие веќе се присутни. Сега се надеваме дека ќе имаме доволно мудрост и волја барем да сопреме и да не продолжиме да се движиме кон оваа пропаст.

Сподели
samo-prasaj_gif-3