За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo

Урбанизацијата поттикнува уникатни проблеми кои ги засегаат луѓето и животните

National Geographic,2018

Ветувањата за работни места и просперитет се некои од факторите поради кои луѓето се селат во градовите. Половина од светското население веќе живее во градовите а две третини од луѓето во светот се очекува да живеат во урбаните подрачја до 2050 година. Сепак, во градовите забележуваме присуство на два најгорливи проблеми со кои соочува населението во градовите во денешно време: сиромаштијата и деградацијата на животната средина.

Лошиот квалитет на воздухот и водата, недоволната достапност на водата, проблемите со одлагање на сметот и големата потрошувачка на енергија дополнително се зајакнати со зголемувањето на густината на населението и потребите на урбаните средини. Како што урбаните површини сè повеќе ќе се зголемуваат, од суштинска важност ќе биде зајакнатото планирање на градовите за да може да се управува со овие и со други потешкотии.

Закани

  • Интензивниот раст на градовите може да доведе до поголема сиромаштија, со тоа што локалните власти не се во можност да овозможат услуги за сите луѓе.
  • Концентрираната потрошувачка на енергија доведува до поголемо загадување на воздухот, што значително влијае на човековото здравје.
  • Издувните гасови од автомобилите доведуваат до зголемување на нивото на олово во урбаниот воздух.
  • Големите количества на отпад кој не е собран создаваат повеќекратни ризици за здравјето.
  • Урбаниот развој е можно исто така да го зголеми ризикот и од опасности поврзани со животната средина, како што се наглите поплави.
  • Загадувањето и физичките бариери кои го попречуваат вкоренувањето на растителниот свет одат во полза на губење на дрвната покривка во градовите.
  • Животинските популации се соочуваат со проблеми предизвикани од отровни супстанции, возила, како и загуба на живеалиштата и изворите на храна.

Решенија

  • Борба против сиромаштијата преку промовирање на економски развој и отворање работни места.
  • Вклучување на локалната заедница во локалните власти.
  • Намалување на загадувањето на воздухот преку подобрено користење на енергијата и на алтернативни превозни средства.
  • Создавање приватни-јавни партнерства за давање услуги како што се одлагање на сметот и домување.
  • Садење дрвја и вградување на грижата за зелените површини во градовите како клучен елемент во урбанистичкото планирање.
Сподели
samo-prasaj_gif-3